Обединетите нации ја признаа Палестина!


 

Од 193 членки на ОН „за“ гласаа 138, против биле 9 а воздражни 41. Палестина стекна нова меѓународна позиција и моменталниот статус на постојан набљудувач е променет во постојан набљудувач.


Земјите членки на ЕУ не успеаа да постигнат заеднички став околу гласањето за резолуцијата во ОН. Од Брисел во пресрет на гласањето беше испратена порака дека не е важно колку поедини држави ќе гласаат.
Пред ова гласање, палестинската територија како суверена држава беше призната од страна на 132 земји.
По ова изгласување, сега Палестина има можност да се обрати на Меѓународниот кривичен суд, во врска со израелско палестинскиот конфликт. Поточно Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг ќе има јурисдикција да ги гони лицата обвинети за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1