Романци уапсени за најголемата измама со кредитни картички во Австралија


Австралиската полиција ја разоткри најголемата измама и кражба на податоци на сопственици на кредитни картички, во операција во која е разбиена романска криминална група.


По меѓународната истрага во Романија седум лица се обвинети за крадење на податоци на околу 30 илјади кредитни картички и за користење на украдени податоци за купување на различни производи ширум светот, во вредност од околу 30 милиони австралиски долари (31 милион американски долари).
Истрагата е покрената кога една австралиска финансиска институција ја повика полицијата и пријави сомнителни трансакции со кредитни картички. Подоцна во истрагата се вклучени и безбедносните агенции на 13 земји.

Во полициските претреси во Романија вчера на 26 локации се упасени 16 лица, а против седуммина е покренато обвинение. Според австралиските медиуми меѓу приведените, кои подоцна се пуштени на слобода е и меѓународниот шампион во борење Георге Игнат, познат како „Карпатска мечка“.
Австралиските банки и кредитни синдикати им исплатија отштета на клиентите, поради претрпената загуба

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1