Обид за убиство на познат новинар, животот му го спаси сопругата


Пред зградата на судот во Истанбул, денеска е изведен обид за убиство на познатиот турски новинар и уредник Џан Дундар, пренесува БТА.turska-atentat-1-740x493-640x426

Напаѓачот со пиштол неколку пати пукал кон Дундар, ранувајќи еден телевизиски новинар во коленото, по што го спуштил оружјето пред камерите и и се предал на полицијата, пренесоа француските медиуми.

Дундар во атентатот минал без повреди. Медиумите пишуваат дека од кобен крај го спасила неговата сопруга.На Џан Дундар, главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, и Ердем Ѓул, шефот на бирото на весникот во Анкара, им се суди за шпионажа и откривање државни тајни . Во мај 2015 година тие објавија видео снимка за тоа како турската тајна служба МИТ во јануари 2014 година на турско-сириската граница задржува камиони за кои имало сомненија дека транспортираат оружје, наменето за исламистичките бунтовници во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1