Непознато лице вооружено во пиштол вчера се обидело да изврши разбојништво во просториите на Орифлејм, лоцирани на булеверот „Мито Хаџивасилев Јасмин“.
Разбојникот влегол во просториите на фирмата и заканувајќи и се на вработената со пиштолот и побарал пари.
Во тој момент се појавило друго женско лице кое го испрскало разбојникот со чаша вода, по што истиот избегал.
Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки на пронаоѓање на лицето.