Обидот за двојно убиство во Аеродром останува мистерија


Здраствената состојба на тешкоповредениот Даниел Б.(23), кој завчера ноќта беше избоден со нож во Ново Лисиче се подобрува, но с`

Полицијата с` уште не го расчистила инцидентот, иако постојат две верзии како биле прободени со нож во нозе двете момчиња, пишува Дневник.

aerodrom

Даниел изгубил многу крв, бидејќи убодот завршил во една од главните артерии. Брзата и навремена интервенција на лекарите го спасила да искрвави до смрт. Неговиот другар Стефан Р.(22) имал исеченица на потколеницата и е згрижен на Kлиниката за пластична хирургија.

– Здравствената состојба на Даниел е стабилна, тој е освестен и не е приклучен на апарати за дишење. Но с` додека е згрижен на одделението за интензивна нега, пациентот е во критична состојба – велат од KАРИЛ.

Во изјавата што Стефан завчера им ја дал полицајците, пред да се случи инцидентот двајцата џогирале покрај булеварот АСНОМ. Во еден момент здогледале момче, кое било легнато во трeвникот покрај тротоарот, и пристапиле да му помогнат.

– Помисливме дека му е лошо и сакавме да му помогнеме. Тогаш тој извади нож и н` нападна – ~ изјавил Стефан Р. (22) на полицијата.

Според неговата изјава, напаѓачот бил сам.

Од МВР велат дека првично, пак, во полиција било пријавено оти момчињата биле нападнати од група од тројца-четворица напаѓачи кај една од зградите во населбата.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на инцидентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1