Измени во законот: Ако реновирате дома без одобрение од државата – 1500 евра казна


Ни новоградбите, ниту пак значително реконструираните објекти нема да можат да се пуштат во употреба без сертификат за енергетска ефикасност. Ова се предвидува со новопредложените измени на Законот за градење доставени во Собранието минатата недела, пишува Вечер.

moleri majstor

Според измените, инвеститорите на овие градби, по завршувањето на градењето треба да обезбедат соодветен сертификат за енергетски карактеристики на објектот, без кој тој не може да се употребува, што пак, како што е наведено во текстот, за нив ќе биде нов материјален трошок.  Под значителна реконструкција се подразбира интервенција вредна над 25% од вредноста на објектот, или пак зафат кој се изведува на најмалку четвртина од неговата плоштина. Ова ќе биде задолжително за сите инвеститори кои ќе поднесат барање за одобрение за градење од 1 јануари 2015 година.  Доколку не се придржуваат на оваа обврска инвеститорите, без разлика дали се правни или физички лица ќе платат глоби кои достигнуваат до 3.000 евра. Поточно, глоба од 2.000 до 3.000 евра му следува на инвеститорот-правно лице и од 1.500 до 2.000 евра на неговото одговорно лице. За физичките лица-инвеститори предвидени се глоби од 1.000 до 1.500 евра.

Уште построги казни кои достигаат до 12.000 евра ќе добијат правните лица сопственици на објект ако без одобрение извршат пренамена на посебен дел од него, на стан или дел од стан. За истиот прекршок за физичките лица се предвидени глоби од 3.000 до 5.000 евра.  Исто така, со предложените измени предвидено е за градби во или покрај површински води, градби кои поминуваат преку или под површински води или пак се сместени во нивна близина односно на крајбрежни земјишта и со тоа можат да влијаат врз режимот на водите, основниот проект да содржи и водостопанска согласност.  Уште една новина е тоа што одобренијата за градење издадени на инвеститори-физички лица општините што ги издале ќе мора да ги доставуваат до Управата за јавни приходи во електронска форма.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1