Обилни дождови, град, грмежи, силни ветришта- еве што најавува УХМР


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 11 до 18 степени.ulica dozd 3 mk

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 11 до 16 степени.

Во четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на планините ќе поминуваат во снег.

Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1