Објавен е тендерот за изградба на панорамското тркало


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ бара фирма која ќе го гради панорамското тркало со придружните елементи. Претпријатието во петокот го распиша огласот за избор на изведувач, не цел месец, откако беше одлучено „ЈСП“ да биде носител на проектот, наместо првичната идеја за него да се бара приватен инвеститор.

panoramaДали тендерот ќе биде успешен, кој ќе се понуди да го гради тркалото со придружните објекти и мост, ќе се знае в година. Понудите на заинтересираните изведувачи ќе се отвораат во последниот ден во јануари.
Според најавите, тркалото ќе го сочинуваат 30 гондоли, секоја од нив со капацитет од десет лица од кои две деца. Предвидено е висината на тркалото да изнесува 73 метри над брегот од Вардар, а да има дијаметар од 57 метри.

Тркалото во основа ќе биде широко околу 48 метри а длабоко 43 метри. Конечната реализација на проектот е предвидена за 2018 година. Основниот проект за мостот и тркалото го изработи австриската a2 Hotelconcept GmbH, а идејното решение, пак, го изготви Massabni architects GmbH исто така од Австрија. Проценето е дека за реализација на проектот ќе бидат потребни 12 милиони евра. Дел од средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на „ЈСП“, дел од градската каса, а надлежните рекоа дека ќе очекуваат и донации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1