„Ја чекаме десетгодишнината од нападот на Њујорк и Вашингтон која ќе биде за девет месеци“, напишал Осама бин Ладен во писмото со ненаведен датум, но се заклучува дека истото настанало некаде во декември 2010 година
„Свесни сте за важноста на обележувањето на тој датум и значењето кое би го имало извлекувањето на корист од неговото одбележување во медиумите. На тој начин би оддале почит на победата на муслиманите и на луѓето би им ја пренеле својата порака“, пишувало во писмото, но не е познато на која личност било упатено.
Во видеопорака до една од своите жени, која е опишана како „последна желба“ на Бин Ладен, тој вели: „Знај дека го исполнуваш моето срце со љубов, прекрасни спомени и со своето истрајно тежнеење во тешки ситуации да ме смириш и да бидеш добра кон мене“.