Објавена е содржината на писмото кое било пронајдено ноќта на убиството на Осама бин Ладен


Американската разузнавачка служба објави документи, кои како што наведуваат, биле пронајдени за време на акцијата во 2011 година во Пакистан кога беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Според соопштението на директорот на службата, на документите претходно била извршена сериозна ревизија и нивното објавување е во согласност со повикот на претседателот за поголема транспарентност.
pismo bin laden
Ознаката за таинственост била тргната од над 100 документи.
Осама бин Ладен планирал да одбележи десетгодишнина од нападот на Соединетите Американски Држави на 11 септември 2011 година, со голема медиумска кампања, стоело во документите од кој била отстранета ознаката за тајност, а биле запленети во текот на американскиот напад во кој бил убиен лидерот на Ал Каеда.

„Ја чекаме десетгодишнината од нападот на Њујорк и Вашингтон која ќе биде за девет месеци“, напишал Осама бин Ладен во писмото со ненаведен датум, но се заклучува дека истото настанало некаде во декември 2010 годинаarticle-2138851-12E9050D000005DC-914_306x399

„Свесни сте за важноста на обележувањето на тој датум и значењето кое би го имало извлекувањето на корист од неговото одбележување во медиумите. На тој начин би оддале почит на победата на муслиманите и на луѓето би им ја пренеле својата порака“, пишувало во писмото, но не е познато на која личност било упатено.

Во видеопорака до една од своите жени, која е опишана како „последна желба“ на Бин Ладен, тој вели: „Знај дека го исполнуваш моето срце со љубов, прекрасни спомени и со своето истрајно тежнеење во тешки ситуации да ме смириш и да бидеш добра кон мене“.28E7ACD200000578-3089677-image-a-31_1432137826544

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1