Објавена фотографијата на третиот осомничен за нападите кај стадионот во Париз


Француската полиција во неделата вечерта ја објави фотографијата на третиот осомничен за нападите крај стадионот „Stade de France“ во Париз на 13-ти ноември, и побара од граѓаните да ги споделат со неа информациите за тоа лице.

Полицијата преку медиумите и на своите интернет ресурси ја објави фотографијата, пренесува AFP.terorist3

Претходно беше идентификувано телото на еден од тројцата екстремисти кои се разнесоа во текот на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Франција и Германија. Станува збор за 20-годишниот Билал Хадфи, Французин кој живеел во Белгија.

Отпечатокот од палците покажа дека лицето било регистрирано под лажно име во центарот за прифаќање на бегалци и имигранти на грчкиот остров Лерос.

На фотографијата со ликот на третиот бомбаш самоубиец што е објавена е прикажано лице со името М. Ал-Махмуд, пишува британскиот јавен сервис BBC, повикувајќи се на информации од регистарот во кој се забележани имињата на имигрантите кои пристигнале на грчкиот остров Лерос.

„Станува збор за лице познато како М. Ал-Махмуд. Тој пристигнал на грчкиот остров Лерос на 3-ти октомври заедно со уште еден од напаѓачите (кај стадионот Stade de France) Ахмед ал-Мохамад“, се наведува во извештајот. Според уверувањето на BBC, фотографијата во регистарот на имигрантите на островот „изгледа идентично со она којашто сега ја објави француската истрага“.

Покрај телото на другиот бомбаш самоубиец кај стадионот беше пронајден сириски пасош на име на војник од сириските владини сили кои бил убиен пред речиси една година. Француската полиција претходно ја објави неговата фотографија, барајќи да ѝ бидат доставени сите информации за тоа лице.

Со овој фалсификуван пасош терористот бил претходно подложен на проверка во Грција, за што се дозна откако на полициско истражните органи на европските земји им беа предадени неговите отпечатоци на прстите. Тој, исто така, бил регистриран во имигрантскиот центар на островот Лерос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1