Откако беше објавена снимката од драматичната борба на пилотот на соборениот руски ловец Су-25 со терористи, сега е познато и кои му биле последните зборови.
На видео-снимката се гледаат вооружени терористи како се движат кон положбата на пилотот, а подоцна се слуша маж кој вика на руски: „Ова е за момците!“, пренесоа медиумите блиски до власта на Путин.
Потоа, се слуша силна експлозија, а над локацијата се крева облак од чад. Не е јасно дали во таа прилика е убиен некој милитант.
Терористичката група Тахрир ел Шам во сириски Идлиб на 3-ти февруари собори руски воен авион Су-25.
Пилотот успеал да се катапултира од авионот, но бил убиен во борба со терористите.
Наводната видео-снимка од борбата која неодамна се појави на интернет прикажува друга верзија на настаните, според која пилотот се самоубил за да не падне во рацете на терористите.