Руската телевизија “LifeNews ТВ” објави видео со бел автомобил во кој наводно биле, осомничените за убиство на опозиционерот Борис Немцов.
Како што посочува телевизијата, камерите го снимиле автомобилот во 23:39 часот, само две минути откако непознатите напаѓачи испукале неколку куршуми кон Немцов. Медиумите објавија дека тој бил застрелан од автомобил во центарот на Москва.
Полицијата соопшти дека политичарот бил убиен со пиштол “” макаров “, и додаде дека нападот очигледно бил добро планиран, кога тој одел во друштво со една жена.
„Локацијата и времето на нападот јасно укажуваат на тоа дека ова е организиран напад. Немцов бил во приддружба со пријателката и оделе кон неговиот стан. Тие точно ја знаеле неговата маршута на движење„, соопшти полицијата.
Напаѓачите, според органите на редот,по нападот избегале по улица Баљшаја Ординка.
Возилото било пронајдено недалеку од местото каде е убиен Немцов, а во моментов полицијата го пребарува.
Станува збор за автомобил „лада приора“, со регистарски таблички од Ингушетија, руска република во Северен Кавказ.
Истражните органи сметаат дека убиецот бил професионалец и дека бил запознаен со движењето на рускиот опозиционер.
Министерството за внатрешни работи се уште не се изјасни по повод снимката која се појави на интернет. Полицијата соопшти дека нападот бил политички мотивиран, но не ја исклучува можноста дека станува збор за одмазда на радикалните исламисти. Немцов имал закани со смрт неколку пати поради неговите коментари за убиството карикатуристите од весникот “Шарли Ебдо„ во Париз.