Објавени имињата на 22 кои останаа без аболиција


Меѓу оние кои останаа без аболиција, откако Претседателот Ѓорге Иванов, во петок, реши да ја повлече за 22 политички експонирани лица, се очекуваните, но и неколку неочекувани имиња.ivanov-gjorge1-640x401

Имено, Претседателот Ѓорѓе Иванов го повлече помилувањето на 22 лице, затоа што смета дека политичарите не може да бидат над законот, а меѓу нив, како што е објавено во „Службен весник3, во сабота, се, Никола Груевски, Зоран Заев, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протугер, Мендух Тачи, Љупчо Димовски, Трајко Вељановски, Зоран Верушевски, Коце Трајановски, Владимир Талески, Бранко Палифров, Бранко Црвенковски, Ирена Мишева.

Без аболиција останаа и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, членот на ДИК Бедредин Ибраими, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, и поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ.

Без аболиција останаа и директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, функционерот во МВР, Тони Јакимовски, како и членот на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури.

По одлуката на Иванов, аболицијата останува за 33 лица, ако се изземе починатиот Коста Крпач, против кои се водат истраги или пак се подигнати обвиненија за сериозни кривични дела. Според Законот, тие можат да побараат од Претседателот повлекување на помилувањето.

Меѓу оние кои беа помилувани се и специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски, кои веќе имаат поднесно барање за повлекување на помилувањето уште пред да бидат донесени измените на законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1