Јове Kекеновски и Андреја Трајановски за наука, Аслан Џеладин и „Службен весник“ за публицистика и Бранко Цветковски за култура се годинашните добитници на наградата „13 Ноември“.
Меѓу добитниците на ова признание, кое се доделува за континуирана дејност, годинава се и Томи Александровски и Венцислав Недев за спорт и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ за хуманитарна дејност
По објавувањето на наградените професорката Биљана Ванковска која член на одборот за доделување на награди најави дека се повлекува од одборот. На својот фејсбук профил напишала.
,, Демократијата во Македонија цвета! По пат на гласање се може да се направи да има изглед на легитимност, а за легалност и да не говорам. Ако армоникаш и бивш политичар, кој докторирал во 2004 и станал до денес редовен професор, може да е лауреат на наградата на Град Скопје, тогаш се е можно. За жал, бев надгласана по демократски пат – луѓето си сакаат вакви научни величини. Но тоа не е причина јас да останам член на Одборот, па сега ја пишувам оставката. Не сум лута – навредена сум во име на сите оние кои зад себе имаат оставено некаква научна трага за земјата и за градот,,