Пичиз Гелдоф, ќерката на Боб Гелдоф и Пола Јејтс, која почина вчера во 25. година од животот, под неразјаснети околности, на Инстаграм објавила фотографија со синот Астал во кадата, но и со раката која се наоѓа на нејзиното рамо, за која таа тврдеше дека му припаѓа на дух.
Ќерката на славниот Боб Гелдоф тврдеше дека раката на фотографијата припаѓа на жената која пред 100 години, во истата куќа во Кент, извршила самоубиство.
„Околу 1920-тата година, куќата ја изградил некој богат човек, чија жена била бремена во тој период“, објаснила Пичиз. „Таа родила мртво бебе и веднаш извршила самоубиство. Наводно се удавила во кадата“, рекла Пичиз.
ден пред смртта пак во својот последен твит, објави своја слика со мајка си, која почина од дрога во 2000 година.
Пичиз Гелдоф во моментот на смртта на нејзината мајка имала само 11 години.
Говорејќи за магазинот “Ел“ во 2012 година, изјави дека неколку години не можела да се помири со смртта на мајката.