Времетово Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од пет до 12 степени.
Во Скопје во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат изразени околу пладне и попладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини се очекуваат повремени врнежи од снег. Не се очекува некоја позначителна промена на температурата на воздухот.