Облачно утро – сончев ден – дожд и грмежи навечер


Во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување кое во доцните попладневни и вечерните часови ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици.
sun+and+rainВрнежите прво ќе започнат во северозпадните и западните предели. Ќе дува засилен  јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 12°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C. Ув индекс 7.
Во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување кое ќе донесе врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. Ув индекс 7
Во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќедостигне брзина и до 35км/ч. Утринските температури од 10°C до 17°C а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 27°C.
Во петок ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35км/ч. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 29°C. Ув индекс 5.
http://weather4all.com.mk
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1