ОБЛЕЧЕТЕ СЕ ТОПЛО: Вечерва до -15 степени


Ако новата 2015-та година ќе ја дочекате некаде на отворено место, облечете топла облека. Температурите ќе се симнат до -15.

Во текот на новогодишната ноќ ќе се задржи умерено облачно и доста студено време. Температурата во земјава ќе се движи од минус 15 до минус четири, а во Скопје до минус девет степени. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер.

plostad ace sneg nova godina

Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од -20 до -11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од -5 до 5 степени.

До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на голомразица. Ќе дува северен ветер повеќе изразен на повисоките места и на планините.

Од сабота се очекува постепено затоплување, односно покачување на дневната и на утринската температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1