Правила за новогодишна трпеза


При свечена вечера, на која се изнесува најскапоцениот прибор и сервис за вечера, како и кристал, убави свечени чаршафи од дамас итн. треба да се води сметка се беспрекорно да функционира.

Треба да се направи избор на јадења кои ќе се најдат на менито, прикладни за новогодишната вечера.

klopa-ng

Треба да се има во предвид бројот на гостите, па спрема тоа да се одбере и просторијата во која ќе се служи вечерата.

Треба да се внимава и за големината на масата, за да гостите се чувствуваат пријатно, а не притиснато

Масата треба да биде доволно голема за да правилно го распоредите приборот, чиниите, чашите, украсите итн.

Чиниите и чашите треба да бидат во ист стил како и приборот.

Чиниите со кои се служиме на почетокот на оброкот, редовно би морале да имаат поедноставен декор од оние кои подоцна ќе се употребат за десерт, бидејќи десертот не значи само завршување на оброкот туку негова круна.

Убавината на чашите не се состои единствено во обликот, туку во прв ред на блесокот.

Масата ја декорираме со цветен аранжман, новогодишна икебана, новогодишен аранжман со свеќи итн. , но при таквиот цветен аранжман мора да внимавате тој да не ги наруши останатите компоненти од приборот на масата. Мирисот на цвеќето мора да биде послаб од пријатниот мирис на јадењето.

За усовршување на целиот амбиент потребно е и осветлување. Осветлувањето не смее да биде ниту прејако ниту преслабо, затоа што тоа го намалува целокупниот впечаток. Навечер може да се користи благото светло на свеќите, но истовремено и пригушено електрично осветлување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1