Обликот на мозокот може да не предупреди на шизофренија


Група француски научници од Институтот за здравје и медицински истражувања Инсерм, откриле дека обликот на мозокот, прецизните набори на мозочната кора, може да посочуваат на ментално пореметување – шизофренија, објавуваат француските медиуми.

Тие откриле пореметен мозочен развој кај некои пациенти заболени од шизофренија.

Научниците дошле до ова откритие испитувајќи го мозокот кај 44 заболени лица кои биле сместени во болницата „Света Ана“ во Париз и кои никогаш до тогаш не примиле некаква терапија.

Со спрецијални снимања со кои се добиваат тридимензионални снимки од наборите на мозокот научниците забележале дека кај пациентите кои имале значително помало нервно пореметување овие набори биле послабо изразени отколку кај останатите, што покажува дека најверојатно имало одредени пореметувања за време на развојот на мозокот.

Иако разликите биле мали, научниците се надеваат дека ова откритие ќе овозможи подобро прилагодување на тераписките стратегии земајќи ги предвид индивидуалните посебности на пациентот.

Една од следните фази на истражувањето, како што најавуваат научниците, ќе биде идентификација на гените кои влијаат на развојот на нервните келии.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1