Обвинение против службено лице во МВР за поткуп на сведок


По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во Министерството за внатрешни работи, а за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот.obvinitelstvo-skopje

Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.

Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапка и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело – Незаконито влијание врз сведоци од член 368- а, ст. 1 од Кривичниот законик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1