Обвинение за 4 насилни демонстранти, 12 за учество во толпа – 3 остануваат во притвор


По прибирање на сите докази и факти во предметот, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог во Основниот суд Скопје 1 Скопје, против четворица обвинети за сторено кривично дело за време на протестите пред Владата на Република Македонија.protest vlada

Истовремено, надлежниот обвинител за сторителите на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, побара и продолжување на мерката притвор за тројца од нив, додека пак за еден од обвинетите предложи замена на мерката притвор со мерка за претпазливост. Судот го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител.

Денеска е поднесен и Обвинителен предлог за втората група учесници во протестите. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обвини осум лица за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. Ценејќи дека се исполнети законските основи, за седум обвинети е поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор, а за еден обвинет  продолжување на мерката куќен притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1