Обвинение за синот на пациентка кој пукаше во лекар на клиника


Основен суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт за синот на пациентката кој пред неколку месеци пукаше во хирург од Клиниката за дигестивна хирургија.

„Поднесен е обвнителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор против едно лице за убиство во обид, неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за насилство“, информира Јавното обвинителство.urgenten brza pomos klinika

Поднесен е и обвинителен предлог против друго лице кое учествувало во настанот за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста. Против ова лице претходно се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на територија на Град Скопје, обврска обвинетиот да се јавува повремено на службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и привремено одземања на патна исправа.

Настанот за кој се обвинети двајцата, се случи на деветти ноември минатата година во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје, во Одделението за дигестивна хирургија, кога во лекарската соба беше пукано на хирург што претходно оперирал пациентка и таа починала. Прво обвинетиот со огнено оружје пиштол испукал седум проектили при што на докторот му нанел три прострелни рани во пределот на левата нога. Во настанот биле загрозени и други вработени лица во болницата, како и едно лице од обезбедувањето на Клиниката, а бил оштетен и инвентар на Одделението.​

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1