Ова е новиот шеф на „Алфите” – Оливер спасовски го смени стариот началник


Со специјалната полициски единици „Алфа“ од денеска раководи Примислав Димовски. Димовски на оваа функција доаѓа од редовите на специјалната полициска единица „Тигар” во чии редови беше за време на конфликтот во 2001, а учествуваше и во полициската операција во Куманово. На началничко место доаѓа од местото виш инспектор во тим за обука во Единицата за специјални задачи –ЕСЗ е распореден во командант на „Алфите“.

Фото - Нова тв

Фото – Нова тв

Иако пред една недела Управниот суд донесе времена мерки и му забрани на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да разрешува и унапредува, тој во ист ден, без конкурс, вработи новинар и го постави на началничко место. Ги разреши и првите луѓе на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ и автопатната полиција, за на нивно место да постави нови.

Бранко Ракиќ од инспектор раководител на смена во Мобилна единица за патен сообраќај, со новото незаконско решение е назначен за началник на наведената единица.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1