Утринава во големата сала на Основниот суд 1 во Скопје за време на судењето за процесот „Ариел“, во кој 23 лица одговараат за перење пари со лажни фактури, една од обвинетите се онесвестила и била реанимирана речиси половина час, јави Нова Македонија.
Жената била обвинета во процсот и веднаш по завршувањето на судењетотаа се онесвестила и паднала на подот. На помош притрчале од судска полиција и обезбедувањето, но виделе дека не ги отвора очите и веднаш повикале Брза помош.
Лекарите речиси половина час ја реанимирале жената по што со амбулантното возило ја префрлиле во болница.
Според првичните сознанија на лекарите жената имала голем крвен притисок и наверојатно преживеала инфаркт.