Обвинетите терористи од Диво Насеље денес на суд


29-мината обвинети за тероризам и за учеството во крвавиот мајски инцидент во кумановско Диво Насеље треба за првпат да се појават во суд. Во кривичниот суд Скопје 1 ќе се одржи јавна седница за оценка на обвинителниот акт против припадниците на кумановската група, пренесе Телма.teroristi predavanje1-500

Сите обвинети добиле покана за присуство, потврдија дел од адвокатите со кои контактирала Телма. Обвинителниот акт беше поднесен на почетокот на ноември, а бранителите на обвинетите поднеле приговори. Сметаат дека обвинението е неосновано.

По утрешната седница судскиот совет треба да одлучи дали ќе го прифати обвинителниот акт или ќе бара да се преработи.

–Обвинителството смета дека 29-мината уапсени, двајца кои избегаа и уште десетмина кои загинаа во Диво Насеље од почетокот на годината почнале со организација на терористички активности кои кулминираа со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај. Целта им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните – стои во обвинението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1