Според информациите од службата на информирање во МВР несреќата се случија во 12.23 часот, кога возило марка „пасат“ прегазило две женски лица. По сообраќајката двете прегазени лица биле однесени во болница, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Возилото го управувало лицето А.Р. на возраст од 35 години.
Службеното возило на министерот за економија Беким Незири прегазило две лица, мајка и ќерка, во сообраќајка на мостот Гоце Делчев, потврди за Плус инфо висок извор од Министерството за внатрешни работи. Во текот на денот повеќе медиуми пренесоа дека информација дека службеното возило на министерот Незири прегазил мајка и дете. Според овие информации за време на сообраќајката во возилото бил и министерот, но возилото го управувал шофер.









