Обвинителство: Советот нема да заседава – на Јанева ѝ се доволни седум помошници


Нема нови околности во врска со специјалното обвинителство,па Советот нема да заседава. Првиот човек на телото, Аневски посочи дека специјалната обвинителка Јанева и во второто обраќање до нив ги доставила истите имиња. Дури и после него во уште едно обраќање таа навела дека ги бара преостанатите од тимот поради можноста да бидат оформени нови предмети.

Аневски упати апел до Јанева да почне со работа, не исклучувајќи дека во иднина може да биде зголемен бројот наобвинителите.obvinitelstvo-skopje

„Непотребно се крева тензијата. Обвинителите требаше да дадат свечена изјава, меѓутоа таа упати апел да не доаѓаат што е невидена работа досега во Советот и мислам дека треба Специјалното јавно обвинителство да почне си работи, а во иднина да се размислува за зголемување на бројот на јавни обвинители“, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Од мисијата на ОБСЕ во земјава очекуваатдека партиите ќе си ги исполнат обврските од договореното. Се уште, велат, специјалното обвинителство не ги процесуирало  предметите. Доколку биде побарано од нив на писмено да ги следат тие би излегле в пресрет на државата.

„Ако се побара од нас на писмено да го регулираме односнот од страна на властите, ние би биле повеќе од кооперативни и среќни да помогнеме на државата во таа насока“, рече Нина Сумолаинен, шефица на мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Специјалната обвинителка побара четиринаесет обвинители во тимот, Советот го преполови бројот. Таквиот потег Јанева го оквалификува како кршење на специјалниот закон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1