Очите полни солзи, стомакот празен: Штипјанец 10 години живеел во шума- низ солзи раскажува


И гладен и жеден 60-годишниот Тоше Лазаров од Штип, 10 години живеел во шума блиску до градот. Лошото Лазаров го удрило одненадеж и од сите страни. Прво починала жената, потоа фирмата каде работел пропаднала, а кога добил мозочен удар, од него се откажале и синиовите. Поради ова, наместо дома, по излегување од Скопска неврологија тој завршил во напуштена вила близу Штип. Оттогаш досега, цели 10 години главата му е наведната, очите полни солзи, а стомакот празен.

50000stipjanec-sam

– Една деценија сум вака, без струја, без вода, без ништо. Некогаш по цела недела не сум јадел леб – кажа за ТВ Стар низ солзи Лазаров.

Она што Лазаров го преживеал овие 10 години го знаат малкумина:

– Целиот е рани. Неколкупати го напаѓаа животни. Кога можев му помагав, му носев храна – рече Орце Николовски, пријател на Лазаров.

Од денес, за Лазаров почнувата подобри денови. Со интревенција на Црвениот крст и Општината, тој е сместен во соба во комплексот Света Недела:

– Му донесовме храна, лекарска помош, а ќе посредуваме и за негово натамошно лекување – рече Никола Камчев, Црвен Крст – Штип.

Наскоро Лазаров ќе добие и социјална заштита:

– Ги добивме податоците и истиот ќе биде внесен во системот на социјална заштита – вели Наталија Панова, директор на Центарот за Социјални работи – Штип.

Ова донекаде ќе ја ублажи физичката траума на Лазаров, но трагите на душата веројатно ќе болам цел живот. Отфрленоста и животот во дивина се нешто што тешко се преболува.Во комплексот Света Недела има десетина жители каде општината помага со храна и со плажање на сметките за струја и вода. Тенденција на општината и градоначалникот Илчо Захариев е комплетно да се уреди манастирскиот комплекс за да се обезеди повеќе место и за други луѓе кои имаат потреба од кров на глава, наведува „Старплус” на ТВ Стар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1