Обвинителството побара притвор за 8 лица осомничени за кражбата во Музејот


Основното јавно обвинителство Скопје побара спроведување на истражна постапка и притвор за лицата В. З., К.С.С, Ј.П., К.Ч., К.П., К.Ј., К.Д., Е.А. поради основано сомневање дека од ноември 2011 година до октомври 2013 година сториле повеќе кривични дела поврзани со исчезнувањето на 162 артефакти од Музејот на Македонија.

muzej-na-makedonijaКако што е наведено во денешното соопштение објавено на веб страницата на Јавното обвинителство, лицата се осомничени за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење.

– Основаното сомневање произлегува од досега прибавените докази, а особено од извршените претреси, одземените предмети и документација, поголем број инвентарни книги, влезни и излезни книги, депојна книга, извештај од археолошки ископувања, се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство Скопје како мерка за обезбедување присуство на обвинети за успешно водење на кривичната постапка, до надлежниот судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, ќе поднесе образложен предлог за определување мерка притвор.

Во денешната полициска акција за кражбата на вредни артефакти од Музејот на Македонија, приведени се неклку лица, меѓу кои актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот.

Како што објавија некои од медиумите, меѓу осомничените е и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство Паско Кузман, кој веќе е во куќен притвор за дело поврзано со случајот „Фаланга“.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1