Четврта година по ред нема ни трага ни глас од убиецот на триесет и едногодишниот Баже Стефанов од Велес. Очајна и истоштена од тага и болка неговата мајка ден денес ја бара правдата за синот. Сака да знае кој и зошто со триесетина куршуми го изрешета на кобниот ден.
Оваа сторија ја објави порталот Дума.
-Сакам правдата да излезе на виделина, да се најде убиецот и да му се суди и да одговара за убиството на мојот син. Сакам да знам зошто му го направија тоа кога мојот син на никого не му направил лошо, ниту пак лежел во затвор, рече мајката на Баже, Магда Станоева.
Таа каде и да оди добива одговори дека истрагата се уште е во тек.
Засега и од СВР Велес нема конкретни информации. Од таму велат дека работат на расветлување на случајот.
Со триесет и еден куршум од автоматско оружје Баже Станоев беше убиен во мај 2011-та година на местото Исмаилова чешма, кога заедно со својот пријател со автомобил оделе кон местото каде одгледувале гулаби.