Синот на Аркан за кобниот ден: Татко ми мртов, а Цеца се грижеше за џипот


Нападите кон легендарната Цеца продолжуваат со непроменет интензитет.

Војин Ражнатовиќ, едно од деветте деца на Аркан, одлучи да ги разоткрие сите тајни поврзани со семејството и неговата маќеа Цеца Ражнатовиќ.

Војната преку Фејсбук не запира, па откако објави за периодот кога Аркан ја потстрижа Цеца, сега оди чекор понатаму. Вчеравечер тој се сети на денот кога е убиен неговиот татко.ceca233

– И додека сите бевме збунети и во шок, таа неколку пати го тераше Михајло да оди во полиција и да го земе џипот. Не толку за автомобилот, колку за тоа да не се изгубат клучевите од сефот кои биле на истиот приврзок, рекла Цеца.

Потоа во домот дојдоа многумина, примавме сочувство, но Цеца кога пристигна Даница Драшковиќ, жената на Вук, се сокри со неа во соба и се заклучија. Дури отпосле дознав дека договарале Даница да и помогне околу документите бидејќи тогаш беше влијателна во Белград. Се сеќавам дека потоа веднаш пристигна адвокатот Зоран Јовановиќ со некои документи, па Цеца со него беше три часа на само. Најмалку три пати влегов да и кажам дека луѓето ја чекаат да и изразат сочувство, но таа ме тераше да излезам и да ја оставам со Јовановиќ да зборува за важните прашања, напиша Војин.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1