Очајна мајка од Велес: „Кој го уби син ми“?


Четврта година по ред нема ни трага ни глас од убиецот на триесет и едногодишниот Баже Стефанов од Велес.  Очајна и истоштена од тага и болка неговата мајка ден денес ја бара правдата за  синот. Сака да знае кој и зошто  со триесетина куршуми   го изрешета  на кобниот ден. ocajnamajkaaathb5hy45yh4

Оваа сторија ја објави порталот Дума.

-Сакам правдата да излезе на виделина, да се најде убиецот и да му се суди и да одговара за убиството на мојот син. Сакам да знам зошто му го направија тоа кога мојот син на никого не му направил лошо, ниту пак лежел во затвор,  рече мајката на Баже, Магда Станоева.

Таа каде и да оди добива одговори дека истрагата се уште е во тек.

Засега и од СВР Велес нема конкретни информации. Од таму велат дека работат на расветлување на случајот.

Со триесет и еден куршум од автоматско оружје Баже Станоев беше убиен во мај 2011-та година на местото Исмаилова чешма, кога заедно со својот пријател со автомобил оделе кон местото каде одгледувале гулаби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1