Очајна мајка: Си ги слушав децата како врескаат од пламенот, но не можев да им помогнам


Живана Станковиќ е 27-годишната мајка чии три деца завчера изгореа во картонската куќарка на Нов Белград.

Откако избил пожарот во малото импровизирано куќиче, таа со најмалото чедо, Милутин успеала да излезе.tizer-27092014-1411774665-575225

-Ги слушав како врескаат, моите деца викаа од пламенот. Стоев напред и го држев Милутин во раце. Срцето ми се кинеше, но огнот беше толку јак што не можев да се приближам! изјави Живана за српски Курир, по што е уапсена и сместена во притвор од 30 дена.

Во пожарот в четвртокот по полноќ изгореа нејзините три деца Миленко (9), Анѓелка (5) и Сања (3).

Пожарот најверојатно е предизвикан од свеќа која несреќната мајка ја оставила да гори во текот на ноќта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1