Очајна мајката на старлетата: Како ќе живеам без мојата Слаѓа?


Старлетата и пејачка од Бијелина Слаѓана Гудураш пронајдена е мртва шест дена по потрагата. Нејзиното тело полицијата го пронајде во смачкан „голф“ во вторникот е пронајдено во канал покрај патот Сремска рача -Кузмин.

Мојата Слаѓа. Како ќе живеам без мојата единка! Ми нема живот, плачеше Јелка Пантиќ (50), мајка на пејачката и старлета Слаѓана Гудураш (27) од Бања Лука.strletamajka

Јелка изјави дека верувала дека нејзината ќерка била киднапирана, а веста за пронаоѓањето на безживотното тело и го соопштила шефицата на Здравствениот дом од Бања Лука каде таа работела како собарка.

Само гледав во телефонот и се молев да ја најдат. Се слушнав со неа предминатата недела, а ја барав на мобилен, ама и беше исклучен, зборува низ плач мајката на старлетата која исчезна во средата околу 18 часот, откако го преминала граничниот премин Рача. Мајката верувала дека е киднапирана.

Српското МВР соопшти дека голфот на Слаѓана е пронајден покрај опасна и необележана кривина која нема заштитна ограда, а поради густите грмушки возилото речиси и не било видливо.

Пејачката и старета Слаѓана Гудураш (27) на публиката и е позната по песната „Силикони и кубици“ која ја сними со раперот Џус, а се појави и со спотот на Саша Матич и раперот Цвије.

Последен пат е видена жива во средата кога тргнала за србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1