За имот што не се користи и нема да се пријави ќе се плаќа повисок данок. Со оваа мерка ќе бидат опфатени фирмите и општините, а нема да куртулат ниту граѓаните
Државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица, кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат петпати повисок данок од пропишаниот.
Ова го предвидува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, кој го разгледа и го усвои Владата на денешната седница, а ќе важи од 1 јануари 2022 година.
Сите оние кои што имаат по неколку станови и куќи, но и земјоделско земјиште коешто не го користат, ќе треба на државата да и платат неколкукратно поголеми даноци на имот од досега. Оние кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок. Од ваквата мерка нема да бидат изземени ниту фирмите, општините, но и државата, која има имоти во своја сопственост, но воопшто не ги користи или ги остава да пропаѓаат.
Ова е предвидено со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот кој го усвои Владата. Ваквата новина ќе важи од 1 јануари 2022 година. Целта е да им се даде време на државата, на приватните бизниси и на граѓаните да се адаптираат на мерката.
– Со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот, се наведува во соопштението од Владата.
Доколку државата, општините, Градот Скопје и општините во него, како и физичките и правните лица не го пријават недвижниот имот, кој не го користат, ќе платат данок за петпати повисок од пропишаниот.