Од 01.01.2018. граѓаните од поранешна Југославија ќе можат без виза да работат во Германија


Поради промената на законот за вработување во Германија, до неодредено е суспендирано вработувањето на граѓани од територијата на поранешна Југославија.

Во овој момент граѓаните без европски пасош нема да можат да се вработат, а ова важи за граѓаните со македонски, српски и босански пасош, без разлика на тоа за која работа сакаат да аплицираат. Ова се однесува на сите работи, без разлика дали сакате да аплицирате како медицинар, градежен работник, чистач или нешто друго, пренесува Б24.

Од 01.01.2018. година стартува новиот закон за вработување, според кој сите граѓани на поранешна Југославија, чии држави не се членки на ЕУ, ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ.

Тоа значи дека сите кои ќе пронајдат работодавец ќе можат да се вработат како и граѓаните на ЕУ, а одењето во амбасада повеќе нема да биде неопходен услов за добивање на работна дозвола.

Пронаоѓањето на работа и натаму ќе се врши преку агенции, како и досега. Моментално може да се вработат само граѓани со ЕУ пасоши, стои во текстот на Б24.

Оваа информација до крајот ноември ќе ја потврдат и официјалните институции.

Оваа информација го потврдува фактот дека во земјата недостасуваат 100.000 работници во медицината. Во останатите гранки недостасуваат и до половина милион работници, а поради тоа страда економијата…

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1