Од 1 јануари 2013 година се укинуваат и намалуваат царините за увоз на производи во четири индустриски гранки, соопшти Царинската управа на РМ.
Целосно се укинува царината за репроматеријали за резервни делови за автомобилската индустрија која сега изнесува 15 отсто. Металопреработувачката индустрија, исто така, од 1 јануари нема да плаќа царина од 5 отсто.
Царината од 4 отсто за железнички товарни вагони, исто така, се укинува. За увоз на автобусите, пак, се намалува царината од 15 отсто и од 10 отсто на 5 отсто.
Се укинува и царината за фолии што се користат за графичката и прехранбената индустрија.
Plus info