Од 1 јануари се укинува царината на повеќе производи


Од 1 јануари 2013 година се укинуваат и намалуваат царините за увоз на производи во четири индустриски гранки, соопшти Царинската управа на РМ.

2carina

Целосно се укинува царината за репроматеријали за резервни делови за автомобилската индустрија која сега изнесува 15 отсто. Металопреработувачката индустрија, исто така, од 1 јануари нема да плаќа царина од 5 отсто.

Царината од 4 отсто  за железнички товарни вагони, исто така, се укинува. За увоз на автобусите, пак, се намалува царината од 15 отсто и од 10 отсто на 5 отсто.

Се укинува и царината за фолии што се користат за графичката и прехранбената индустрија.

Plus info

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1