Од први јануари, паркирањето на прво возило за станарите кои ги користат паркиралиштата на ЈП “Градски паркинг“ ќе биде бесплатно, пишува денешен “Вест“.
Граѓаните повеќе нема да плаќаат 250 денари за паркирање на возилата пред своите домови. Ќе имаат обврска само да плаќаат по 300 денари месечно за паркирање на второ возило.
“Ја донесовме оваа одлука за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Во изминатиов период имаше поплаки дека иако плаќаат по 250 денари за паркирање, се случува да не можат да најдат слободно место пред своите домови“, велат од ЈП “Градски паркинг“ за Вест.
Оттаму пред еден месец најавија дека наскоро за пет денари ќе се намали паркирањето на сите паркиралишта со кои стопанисуваат.