Од 1 септември нови правила за упис на средношколците


Средното образование е задолжително, меѓутоа пред да се одлучат гимназијалците каде ќе се запишат, одсега ќе треба да размислуваат и за насоката за која досега размислуваа во трета година, а одсега панатаму тоа ќе го прават уште при запишување велат од Бирото за развој. Средношколците досега имаа време до трета година да одлучат дали повеќе сакаат да изучуваат природни науки и математика или ќе одберат хуманитарно- општествени науки или јазици и уметности.skolo vnatre

Во определувањето ќе има влијание и успехот на учениците што го постигнале во основно образование каде што веќе се работи според програмата „Kембриџ“. Значи, ако некој ученик имал помал успех, на пример по математика, предност при запишувањето ќе имаат оние што имале повисоки оцени.

– Има шест насоки: природно-математичка, јазик-уметност и хуманитарно-општествена. Оние што ќе се запишат ќе мора да изберат една од овие шест насоки што требаше да ги избираат во трета година. Ако некој ученик одбрал Б-програма, а подоцна се премисли и сака да учи со повеќе часови математика, во втора година ќе треба да дополага с` што пропуштил по овие предмети во прва. А ако некој сака од А-програма во Б, може тоа да го направи без преполагање, вели Весна Хорватовиќ, одговорна во Бирото за развој на образованието.

Хорватовиќ вели дека сите ученици кои завршуваат основно училиште, немаат потреба од страв и предрасуди за упис во средно училиште, оти не се воведува ништо ново, само определувањето се врши на почеток од образованието.

Инаку конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Македонија за учебната 2017/2018 година, обезбедува вкупно 35.909 ученички места и тоа 25.127 на македонски наставен јазик, 9.830 на албански, 918 на турски и 34 на српски наставен јазик во кои се вклучени и паралелките во реформирано двегодишно и тригодишно стручно образование.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1