На производите ќе треба јасно да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето тежината и особено алергените, со болдирани или букви во друга боја.
Станува збор за измени што ги воведува ЕУ во однос на означувањето на храната, а се содржани во најновата регулатива 1161 која претставува сублимат на досегашните засебни директиви. Македонија ќе ги следи и спроведе новините преку измени на актуелниот Закон за безбедност на храната.
Ваквата обврска ќе важи и за операторите кои произведуваат храна за домашниот пазар, но за нив рокот е 1 јуни 2015 година.
Согласно новата законска регулатива, дефинирани се и казни за непочитување на одредбите – 3.000 евра за правни лица, 1.000 евра за одговорно лице и 500 евра за физичко лице