Од 30 јуни нема роаминг меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ – еве колку ќе плаќаме


Од 30 јуни оваа година ќе се укинат роаминг цените помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, информираше денеска директорот на АЕК Роберт Ордановски.

Тоа значи дека граѓаните ќе можат да разговараат, праќаат СМС пораки и користат интернет на мобилен телефон по домашна тарифа.roaming-charges

-На последниот состанок во Белград при крајот на 2014 година Регулаторите од 4 земји во регионот Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија финално се договоривме новите цени да почнат од 30 јуни 2015, рече Ордановски.

Тој додаде дека рокот се пролонгирал бидејќи имало некои проблеми со една од државите потписнички на овој договор.

-Финално е дека на 30 јуни почнува бесплатниот роаминг, во моментов трае јавна расправа на веб сајтот на АЕК, од неодамна има повик за јавна расправа на сите заинтересирани субјекти, се ќе биде транспарентно презентирано пред македонската јавност. Неопходните законски промени се извршија минатата година. Со измените на ЗЕК кои што се донесоа во ноември 2014 година се додаде нов член во ЗЕК каде што АЕК има законска можност да ги дефинира цените во роаминг. Веднаш се создадени сите правни услови за да се реализа меѓудржавниот договор потишан во Црна Гора во ноември 2014, истакна Ордановски.

Од 30 јуни, македонските корисници на мобилна телефонија кога ќе престојуваат во Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора ќе зборуваат по пониски роаминг-цени. Една минута појдовен повик ќе ги чини 17,8 денари (0,29 евра), а дојдовен 3 денари (0,05 евра), една СМС порака 5,5 денари (0,09 евра), а цената за еден мегабајт-интернет и ММС ќе изнесува 43 денари (0,70 евра). Овие цени се без пресметан ДДВ и ќе важат до 30 јуни 2016 година, кога ќе следи ново намалување. Роаминг-услугите на мобилните оператори ќе поевтинат уште еднаш од 1 јуни 2017 година. Ова се предвидува со последната одлука на Агенцијата за електронски комуникации (АЕK) со која се утврдуваат максималните цени на услугите во роаминг во согласност со Спогодбата за намалување на цените на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи склучена на 29 септември 2014 година во Будва помеѓу  Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Македонија и Република Србија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1