Што вели законот: Кои се казните за неовластено снимање


Лидерот на опозицоната СДСМ Зоран Заев го уценувал Премиерот со снимки наводно добиени од странски служби или од загрижени граѓани за што заработи и кривична пријава заедно со разузнавачот Верушевски, а во притвор е и сопругата на Верушевски и уште едно лице. Од друга страна вчера на youtube се појави снимка на која се гледа и слуша како Заев му кажува на Груевски дека снимките му се од странска служба. Кој ја направил снимката во кабинетот на Груевски не се знае. Но се чини секој секого снимал. Еве што вели законот за неовластени снимања за кои се повеќе слушаме деновиве. Сајтот Правдико ги објави законските санкции предвидени за ова дело. telefon prisluskuvanje

Според позитивните прописи во Република Македонија неовластеното снимање, прислушкување и тонско снимање е строго забрането и е предвидено како кривично дело во Кривичниот законик на РМ. Следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации, следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории може да одреди само судот како посебна истражна мерка според строго утврдени услови.

Добиените податоци од ваквите истражни мерки се службена тајна и е забранета секаква дистрибуција и прикажување се со цел да се заштити на засегнатото лице, и да се почитува начелото на пресумпција на невиност кое е уставно загарантирано.

Според Кривичниот законик на РМ како кривично дело против личните права е неовластено снимање во член 152. Според овој член тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Како отежителна околност, е доколку неовластеното снимање го стори службено лице, во тој случај се предвидени казни од три месеци до три години.

Заштитата на овој облик на дело е пред се за заштита на приватниот живот, и спречување таквите снмки да бидат злоупотребувани од сторителот за различни цели, како што се уцена, нарушување на углед, изнуда и слично.

Повеќе на – ПРАВДИКО

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1