ОБНОВЕНО: Транскрипција од разговорот меѓу Груевски и Заев (ВИДЕО)


Заев признава дека соработувал со странска служба. Скандалозни видеа се појавија на You tube со дел од разговорите меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на која се гледа како лидерот на опозицијата во неколку наврати му кажува на премиерот дека материјалите ги добил од странски служби.zaev

Станува збор за две видео снимки од кој едната трае 19 секунди во која на прашањата на перемиерот, Заев повторува дека материјлите ги добил од странски служби и дкеа се видел со нив. Второто видео трае 30 секунди во кое лидерот на СДСМ повторно кажува дека разговорите биле прислушкувани од страна на странска служба.

Груевски: Ти ми викаш странци ти ги дале?

Заев: Странци де….странци.

Груевски: Странска служба?

Заев: Странска служба…што не е од соседството нормално…подалечно…странска служба.

Груевски: Добро…Ти се виде повише пати со нив, се увери дека е така? Заев: Да, да се уверив…

Заев: И го знам од каде го е, и го знам за која потреба е снимено, и го знам…значи прво јас не можам мене да се снимам, јас не можам да контролирам.

Груевски: Чекај сега, ти викаш дека не си ти снимал, и дека ти го дале? Странци ти го дале?

Заев: Така де

Груевски: Странци ти го дале…Странци може да имаат разни цели и мотиви…Или некој од нив да снима така? Тоа знаеш дека може, техника, технологија има

Заев: Има варијанти… Може, така, така!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1