Освен до стандардните видео содржини, корисниците на YouTube Red ќе имаат пристап и до некои ексклузивни материјали. Им се нуди и можност за подготвување на видеа за дополнително офлајн гледање, како и можност за испраќање на видеа во позадина.
Претплатата за YouTube Red важи и за неодамна претставениот YouTube Gaming како и за сервисот кој наскоро треба да пристине – YouTube Music.
Ако веќе плаќате претплата за Google Play Music, тогаш ќе добиете бесплатно YouTube Red членство. А, сите идни претплатници на YouTube Red ќе можат без дополнително плаќање да ужуваат со Google Play Music.
И покрај ваквите „поволности“, аналитичарите се сомневаат во исплатливоста на проектот, со оглед на тоа што речиси сите корисници на YouTube се навикнаа да гледаат бесплатно.