Од денес заладување и дожд


Обилни врнежи од дожд, заладување и пад на температурите за четири до шест степени, најавуваат метеролозите.

Од УХМР посочуваат дека денеска во доцните попладневни часови постепено подрачјето на земјава ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад.

temperatura ladno

 

Преку ноќта ќе има обилни врнежи од дожд, особено во западните делови на Македонија. Врнежите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, кога повторно на повеќе места ќе бидат пообилни.

Во источните делови ќе има локална појава на интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Во попладневните часови ќе почне да дува умерен северен ветер, кој во четврток и петок повремено ќе се засилува.

Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, но посвежо. Утринската температура за време на викендот ќе биде во интервал од минус три до четири степени.

Максималната темпертура во четврток ќе се движи од 7 до 14 степени, во петок од 6 до 12, во сабота од 8 до 14, во недела од 8 до 13 степени, во понеделник од 5 до 10 степени. Негативни утрински температури не очекуваат од сабота. Од минус два во сабота, минус три во недела и минус два во понеделник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1