Од денеска 35% од хонорарите одат во државни раце, казните се големи


Од денес, стапија на сила измените на пет закони,кои го регулираат новото оданочување на хонорарите. Наместо досегашните 10 проценти кои од хонорарите се издвојуваа за персонален данок, сега ќе се плаќаат околу 35% за пензиско и здравствено осигурување.

denari_191010

Новото оданочување ќе важи за месечните хонорари над 9.590, односно 17,6 проценти од сумата, хонорарците или нивниот работодавец, ќе треба ја уплатат за пензиско осигурување и 7,3 проценти за здравствено осигурување, како и 10 проценти за персонален данок.

Глоба во износ од 500 до 1.000 евра ќе му се изрече на обврзникот за уплата на придонесите сам за себе доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Казна во износ од 300 до 600 евра ќе му биде изречена на оној кој нема да се пријави за плаќање на придонес за пензиско и исто толкава казна ќе плати одговорно лице кај обврзникот за пресметка и уплата на придонесот за пензиско осигурување. Двесте евра ќе треба да плати невработено лице кое зема хонорар или работи со договор на дело ако инспекторите го најдат како работи кај некој работодавач, а со ист износ ќе биде казнет и работодавачот.

Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра ќе му се изрече и на обврзникот за пресметка на придонесите – правно лице доколку во пропишаниот рок не го достави извештајот до Управата за јавни приходи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1