Улица на два ката ќе се гради кај Бит-пазар


Оваа 2015 година Град Скопје планира да потроши нешто повеќе од една милијарда денари или 16,6 милиони евра во инфраструктурни проекти кои се очекува да ја подобрат живеачката на жителите во главниот град. За изградба и реконструкција на улици, патишта, мостови, водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација 850 милиони денари градската власт планира да обезбеди 750.000.000 од приходи од уредување на градежно земјиште, а останатите 100.000.000 од приходи од легализација на дивоградби, пренесува Вечер.

mavrovka

 

Ова го содржи Предлог-програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Скопје за 2015 година, а која на усвојување пред градските советници се најде на вчерашната седница.

Најголем дел од парите, и тоа 818.448.000, ќе се потрошат во изградба и реконструкција на улици и патишта. Новитет за наредната година е најавата од градските власти за раскрсницата на две нивоа што се предвидува кај Бит-пазар, односно меѓу Судска палата и ТЦ-Мавровка и што ќе биде прва ваква во Македонија. За во 2015 година за оваа цел е предвидено само изработка на проектот кој ќе чини 3 милиони денари.

Исто така, друг покрупен проект е започнување на градежните работи за изградба на подземната сообраќајница Јужен булевар. Градот в година за потребите на оваа подземна сообраќајница планира да изгради две крстосници на Јужен булевар едната кај Св. Климент Охридски и другата кај бул. Кочо Рацин. За изградбата на двете крстосници ќе се потрошат 10 милиони денари.

Другите клучни зафати во делот на изградба и реконструкција на улици се: изградба на бул. АСНОМ во делот на Ќерамидница до новата сала; изградба на бул. АСНОМ од последна 5-ка кон куќите во Лисиче во прва фаза; изградба на улица Павел Шатев, ул. Тодор Александров; ул. Борис Сарафов; проширување на бул. Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант; проширување на ул. М.Т. Гологанов од Св. К.Охридски до Клуб на пратеници; реконструкција на дел од 16-та Македонска бригада, кружен тек; бул. Христијан Тодоровски Карпош до обиколница и проширување; реконструкција на бул. Јане Сандански.

За изградба и реконструкција на тротоари, плоштади и фонтани Град Скопје одвоил 304 милиони денари.

Исто така, в година ќе се доизгради и бул. Партизански одреди до Св. Петар и Павле; ќе се реконструира Гологанов и бул. Никола Карев (Пластичарската) каде што ќе се додаде четврта лента. Во план е и реконструкција на ул. Сарај; реконструкција на раскрсница бул. 8. Септември и ул. Скупи; Трета Македонска бригада прва и втора фаза со кружен тек; реконструкција на ул. Јордан Мијалков (Железничка); на ул. Свети Кирил и Методиј (Мито Х. Јасмин), реконструкција на ул. Маџари, на Цветан Димов, Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Борис Трајковски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1